Милан на Карло Анчелоти беше познат по големиот број на „велемајстори“ на теренот, а меѓу нив беше и Џенаро Гатузо кој ја извршуваше т.н. „валкана“ работа. Пргавиот Италијанец призна дека во тие денови многу лесно прифаќал предизвици, а еден од нив е тотално луд.
Имено, на предизвик на соиграчите, темпераметниот дефанзивен играч за врска има изедено жив полжав за 500 евра од секој играч, но како што вели самиот Гатузо, парите не биле мотивација, а истите завршиле на неочекувано место.
„Им реков: ‘Во ред, секој нека ми даде по 500 евра и ќе го направам тоа’. Сакав да ги наградам кондициските тренери кои беа дојдени на проба во тимот. Го ставив полжавот во уста и го голтнав, а подоцна им дадов на тренерите 15 илјади евра“ – раскажа Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

