„Дајте му ја на Левандовски Златната топка или јас ќе му ја дадам мојата“

Фудбалскиот свет е во исчекување на резултатите од гласањето за Златната топка за oваа сезона, а во јавноста кружат шпекулации за името на победникот. Мислењето на народот е поделено, некои се за Мо Салах, некои за Бензема, други за Меси, трети за Жоржињо, а многумина навиваат и за Роберт Левандовски.

Еден од нив е Луиз Суарез, легендарниот играч на Барселона и Интер од 60-тите години, воедно и освојуачот на Златната топка за 1960 година кој смета дека оваа награда треба да му припадне на Полјакот, а доколку не се случи тоа тој ќе му ја додели својата.

„По ѓаволите, дајте му ја на Роберт Левандовски Златната топка или јас ќе му ја дадам мојата“, изјави легендарниот шпански фудбалер за шпанска телевизија.

Се вчитува...