„Дајте му на Салах се што ќе побара, тој мора да остане во Ливерпул“

Трент Александер Арнолд дефинитивно ќе си замине како слободен играч од Ливерпул и ќе се пресели во Реал Мадрид, па фокусот на „црвените“ сега е насочен кон останатите двајца клучни играчи кои влегуваат во последните месеци од актуелните договори, капитенот Вирџил ван Дајк и најдобриот стрелец Мохамед Салах.

Легендарниот голгетер на Ливерпул, Роби Фаулер, испрати гласна порака до управата на клубот да ги забрза преговорите и да ги исполни сите барања на Салах, за „фараонот“  и во следните сезони да продолжи да го носи дресот на овој гигант.

„Салах заслужува да добие се што ќе посака. Тој едноставно го заслужува тоа, затоа што покажа толку многу работи во дресот на Ливерпул, тој е клучен играч во нападот и мора да остане. Што е другата опција? да потрошите богатство на нов напаѓач и да не сте сигурни дали ќе биде погодок или промашување. Зошто да не ги дадете тие пари на некој што веќе има докажано дека е лидер на Ливерпул. Ве молам, дајте му се што ќе посака и потпишете нов договор со Салах“, им порача Фаулер на директорите на Ливерпул.

Се вчитува...