„Дајте му време на Рангник, тој не е магионичар“

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра говореше за моменталната ситуација околу клубот. Тој кажа дека навивачите треба да му дадат поддршка на актуелниот тренер Ралф Рангник. Рече дека е изморен од негативната енергија која што е присутна во клубот.

Наспроти критиките дека Евра не ја почитува работата на новиот тренер, поранешниот дефанзивец порача дека треба да му се даде шанса на германскиот стратег.

„Изморен сум од таа негативна енергија околу клубот. Луѓе кои немаат врска со Јунајтед зборуваат за клубот. Се чувствувам и јас повредено како и овие момци. Тажен сум за Оле и за она што му се случуваше во последните две недели пред да замине. Луѓето заборавија што направи претходно. Тој внесе надеж во клубот и сите ќе се согласат со мене. Сега имаме нов тренер, и треба да го поддржиме. Дојде со нова филозофија, нови методи и треба време. Дајте му време, тој не е магионичар. Луѓето велат дека сум против Рангник. Не сум против никого кој работи во овој клуб. Знам дека е тешко за секој тренер“, рече Евра.

Се вчитува...