Легендарниот Стефан Петерхансел на Мини триумфираше на деветтата етапа на релито Дакар која се возеше во Неом. Французинот на етапата долга 579 километри од кои 465 специјал ја помина за време од 4:50:27 часа што беше за 12 минути подобро од најголемиот конкурент за триумф Насер Ал Атијах на Тојота. Третото место му припадна на Жинел де Вилиерс кој доцнеше 12:19 зад времето на победникот.
Во генералниот пласман Петерхансел сега разликата ја зголеми на 17:50 минути пред Ал Атијах, додека трет останува Карлос Сајнц со задоцнување над еден час.
Во конкуренција на мотоциклисти на денешната етапа триумфираше Кевин Бенавидес на Хонда со време од 4:49:15 часа. Второто место му припадна на Рики Брабек на Хонда кој доцнеше 1:18 минути зад времето на победникот, додека третопласиран беше Хозе Игнасио Корнехо Флоримо на Хонда. Во генералниот пласман Корнехо Флоримо има предност од 11 минути пред Бенавидес, додека трет е Сем Сандерленд.
Утре на програмата е десетата етапа која е во должина од 583 километри, а ќе се вози од Неом до Ал Ула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА