Откако се соочи со дисциплинска постапка покрената од страна на УЕФА поради неговото недолично однесување по завршуње на мечот со Хрватска, и можноста да добие суспензија од следниот натпревар на ЕВРО 2024, албанскиот репрезентативец Мирланд Дарку преку социјалните мрежи се извини за својата постапка.
Даку, како што е познато, по крајот на мечот меѓу Хрватска и Албанија пред албанските навивачи почна да извикува пцовки кон Македонците и Србите, со што наиде на осуда на целата нормална европска фудбалска јавност.
„Простете ако навредив некого после натпреварот со Хрватска. Ефектот на натпреварот си го прави своето. Простувањето е човечко, а јас чувствувам морална и професионална обврска да се извинам. Продолжувам да работам заедно со целиот тим за да ги исполниме нашите соништа“ – напиша Даку меѓу другото на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА