Далас Маверикс објавија дека потпишале центар за продолжението на сезоната во НБА лигата. Мозес Браун се приклучи на тимот од Тексас. Договорот беше потпишан на 10 дена, а потоа ќе донесат одлука за продолжување на соработката.
Во својата НБА кариера, Браун имаше просек од 5,1 поен и 4,8 скока за 11,6 минути во 159 натпревари. Тој ги носеше дресовите на Портланд, Оклахома, Далас, Кливленд, Лос Анџелес Клиперс, Бруклин и Индијана Пејсерс.
Во претходниот дел од сезоната беше настапуваше во Г лигата каде играше за Вестчестер Никс како и во НБА лигата каде повремено им помагаше на Индијана Пејсерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

