Далас е циркус: Го дадоа Дончиќ за него, а сега го пратија во Вашингтон

Далас целосно го загуби компасот при составувањето на конкурентен тим, процес што почна да се распаѓа со шокантниот трејд со кој маверикси се откажаа од Лука Дончиќ, за возврат добивајќи го Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс.

Колку е тоа промашен потег видовме вечерва, откако Далас нецела година по шокантниот трејд реши да се откаже и од Дејвис, и тоа испраќајќи го во еден од најслабите тимови во НБА-лигата.

Вашингтон визардс, кој моментно е претпоследен во источната конференција е нов клуб на Дејвис откако беше договорен трејдот на клубот од главниот град со раководството на Далас. Со оваа размена, заедно со Дејвис од Далас во Вашингтон се селат и Харди, Д’Анцело Расел и Данте Егзум, додека маверикс ги добиваат Мидлтон, Еј-Џеј Џонсон, Малаби Бранхам, Марвин Бегли, два пика од првиот круг на следните драфтови како и три пика од вториот круг.

Во Далас, кој со многу среќа стигна до првиот пик на ланскиот драфт и го ангажираше суперталентираниот Купер Флег, очигледно се надеваат на формирање на посериозен тим за во иднина. За жал, сегашноста е далеку од „розова“ за поранешниот НБА-шампион.

Се вчитува...