Далас го отпушти Дорси, следна дестинација Евролига?

Американскиот кошаркар со грчки пасош Тајлер Дорси го раскина договорот со Далас Маверикс откако беше ослободен од организацијата од Тексас.. Според информациите кои ги соопшти „Еурохупс“, за услугите на одличниот стрелец се заинтересирани неколку евролигашки екипи, меѓу кои и неговиот поранешен тим Олимпијакос.

Први тим во редот е еден од лидерите на табелата Монако. Тимот предводен од Саша Обрадовиќ и во кој веќе настапува Мајк Џејмс, суперѕвездата на европската кошарка, на Дорси му понуди 1,25 милиони долари за да остане во Монте Карло до крајот на сезоната.

Дорси имаше одлична претходна сезона во Евролигата. Тој беше еден од лидерите на Олимпијакос и многу му помогна на клубот да стигне до фајналфорот во Белград. Во сезоната 2021/2022, тој имаше просек од 13,4 поени, 2,4 скока и 2,1 асистенции на 38 натпревари во екитата. Со Олимпијакос во претходната сезона го освои националното првенство и Купот во кој беше и МВП.

Се вчитува...