Далас го повлекува првиот драфт пик од Летната лига

Далас ќе го заврши настапот на Летната лига на НБА без новата ѕвезда во тимот, Купер Флег, пренесуваат американските медиуми. Првиот пик на овогодинешниот драфт одигра само два натпревари и нема да биде дел од преостанатите два.

Причина за тоа е заморот на кој се пожалил 18-годишниот кошаркар па Далас не сака да се доведе во ситуација во која поради повреда би ја загубиле новата ѕвезда на стартот на сезоната.

Флег потполно потфрли во првиот одигран натпревар за кој и самиот изјави дека му е еден од најлошите во кариерата, но успеа да го покаже својот потенцијал во поразот од Сан Антонио бележејќи 31 поен.

Се вчитува...