Далас го трејдувале Дончиќ зошто е „Балканец“ – пиел пиво и пушел наргиле

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс останува топ тема во Соединетите американски држави, поготово по првиот натпревар на словенечкиот ас против својот доскорешен тим во кој реализира „трипл-дабл“ и се радуваше на слатка одмазда.

Една од причините поради која Далас се одлучи на својата најголема ѕвезда да му ја покаже излезната врата беше наведено дека е „прекумерната тежина и лошите навики“, што ги примора инсјадерите дополнително да го истражат случајот.

Новата „истрага“ донесе ново сознание дека проблемот всушност бил загриженоста на Далас за неговото конзумирање пиво и користење на наргиле кое во следните пет години ќе донесе катастрофални резултати не само на неговата игра, туку и на здравствената состојба.

„Социјалните навики на Дончиќ како желбата за пиење пиво и пушење наргиле се нешто што навистина го загрижија раководството на Далас поготово по процените за огромниот пад во кошаркарската кариера и здравствените проблеми кои се очекува да донесат катастрофални резултати во следните пет години“, стои во објавата на „Атлетик“.

Дваесетипетгодишнииот Дончиќ по трејдот во ЛА Лејкерс настапи на пет натпревари за својот тим реализирајќи просек од 19.0 поени, 9.0 скокови и 7.0 асистенции.

Се вчитува...