Далас и Дончиќ со нов пораз, Јокиќ „скромен“ против „Кралот“ (ВИДЕО)

Далас се уште се мачи да ја најде посакуваната форма, а тимот на Лука Дончиќ забележа нов пораз, овој пат од Голден Стејт со 116-147. Словенското „чудо од дете“ повторно беше најдобриот поединец во тимот од Тексас со 27 поени, 6 скока и 6 асистенции, а го следеше Порзингис со 25 поени и 5 скока. Убедливо најрасположен на натпреварот беше играчот на Голден Стејт, Кели Убре Џуниор со 40 поени и 8 скока, додека Стеф Кари додаде 28 поени и 6 асистенции.

Серијата на победи на Леброн Џејмс и Лејкерс се искачи на три во низа откако тимот од Лос Анџелес славеше против Денвер со 114-93. „Кралот“ стигна до нов трипл-дабл учинок во својата кариера, овој пат со 27 поени, 10 скока и 10 асистенции, додека Денис Шродер додаде 21 поен и 4 асистенции. Џамал Мари беше првиот играч во редовите на Денвер со 20 поени и 5 асистенции, додека Никола Јокиќ оствари „скромен“ дабл-дабл учинок од 13 поени и 10 скока, а имаше и 6 асистенции.

Во останатите натпревари Јута славеше на гостувањето против Атланта со 91-112, Портланд го доби мечот со Филаделфија со 105-121, додека Хјустон славеше над Мемфис со 103-115.

Се вчитува...