Разигрувањето во плејинот во НБА-лигата продолжи со две изненадувања, откако Далас и Мајами на гостински терен успеаја да стигнат до победи и да останат во игра за последните места во разигрувањето во плејофот.
Далас му гостуваше на тимот на Сакраменто и неочекувано лесно стигна до победата, осигурана уште во првото полувреме (48-71), за маверикси на крајот рутински да слават со 106-120. Ентони Дејвис беше клучен играч со 27 поени и 9 скокови, Клеј Томпсон постигна 23 поени (5/7 за тројка), додека на Сакраменто не му помогна одличната партија на Дерозан, кој реализираше 33 поени и 7 скокови.
Далас во последниот меч од плејинот ќе му гостува на Мемфис, а победникот од овој натпревар во плејофот ќе се сретне со првиот носител на Западната конференција, тимот на Оклахома Сити.
Мајами многу полесно од очекувањата триумфираше во Чикаго со 90-109, исто така во меч во кој гостите работата ја завршија уште во првото полувреме (47-71). Тајлер Хироу беше херојот на „жешките“, доминирајќи со 38 поени, 5 скокови и 4 асистенции.
Мајами во последниот меч од плејинот ќе гостува во Атланта, а победникот оди во плејофот против тимот на Кливленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА