Далас маверикс сезонава ќе остане без место во плејофот, но газдата Марк Кјубан не е премногу загрижен поради тоа, туку се подготвува за летниот период во кој ќе тргне во офанзива по најдобриот слободен играч на пазарот – Кевин Дурант. Во ситуација кога има двајца исклучително квалитетни европски кошаркари во Лука Дончиќ и Порзингис, Кубан верува дека доколку на нив им се додаде Дурант како лидер, може да се состави тим што би го предизвикал и Голден Стејт во битките за титулата од наредната сезона.
Дурант е слободен на крајот од сезонава и веќе ја одби понудата за нов договор со Голден Стејт, отворајќи ги вратите за сите заинтересирани клубови. ЛА Лејкерс не е реална опција бидејќи не му е желба да остане во сенка на Леброн Џејмс, Њујорк никс клубот со кој крилниот кошаркар флертува подолго време, но Далас е подготвен да му понуди максимална плата, плус конкурентен тим за висок пласман во кој „Дурантула“ би бил главен.
Јасно е, трката по Кевин Дурант нема да се вжешти до крајот на сезонава, но Кјубан е убеден дека има реални шанси да го доведе овој „суперстар“ во Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА