Се уште трае шокот меѓу навивачите на Далас по трејдот на најдобриот кошаркар Лука Дончиќ во редовите на ЛА Лејкерс, благодарение само на генералниот директор на Далас Маверикс, кој се откажа од 25-годишната суперѕвезда.
Силен е револтот кај дел од навивачите на Далас кои побарале да им се вратат парите за сезонските билети.
Медиумите од САД пренесуваат дека на сите оние навивачи кои ќе го побараат тоа ќе им бидат вратени парите за купените сезонски билети. Се најавува дека клубот ќе мора да плати во просек по 2.000 долари на незадоволните навивачи доколку ги прифати нивните барања.
„Ги цениме сите што имаат сезонски билет, а нашите претставници се подготвени да одговорат на сите нивни прашања и грижи“ – објавија од Далас Маверикс, оставајќи ја отворена можноста за враќање на парите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

