Откако остана без своите први две ѕвезди, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, кошаркарите на Далас маверикс се во серија од пет порази во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.
Изминатата ноќ на „франшизата“ од Тексас „скалпот“ и го зема и Мемфис гризлис кој на домашен терен славеше со убедливи 119-104. Џерен Џексон џуниор со 35 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Пи Џеј Вашингтон заврши со 17 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Феникс 99-109, Детроит – Портланд 118-115, Торонто – Милвоки 104-128, Њујорк – Орландо 94-103, Бруклин – Индијана 99-113, Минесота – ЛА Клиперс 108-106, Чикаго – Сан Антонио 114-110 и Сакраменто – Чикаго 123-118.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА