Далас немоќен без Дончиќ, Бруклин го доби дербито на Истокот (ВИДЕО)

Портланд загуби од Торонто со 117-105 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата. Јусуф Нуркиќ беше еден од најдобрите поединци на Портланд со „дабл-дабл“ ефект од 14 поени и 18 скока, а дополни и со четири асистенции.

Торонто до победата беше предводен од Сиакам со 27 поени, четири скока и шест асистенции.

Далас без Лука Дончиќ запиша пораз од Оклахома од 120-109. Оклахома до победата беше предводена од Глигеус-Александер со 33 поени, пет скока и пет асистенции.

Во дербито на Истокот, Бруклин во драматична завршница славеше против Мајами со 101-102. Прво име кај Нетс беше Ирвинг со 29 поени и шест асистенции.

ЛА Клиперс загуби од Атланта со 108-112, во меч во кој Ивица Зубац имаше одлична партија од 17 поени и 18 скока.

Напаѓачки истакнат беше уште еден Хрват, Бојан Богдановиќ, но тоа не му значеше многу на Детроит. Богдановиќ во 36 одиграни минути постигна 20 поени, а имаше и пет асистенции, во поразот од Филаделфија со 123-111. Филаделфија беше предводена од Џејмс Харден со 20 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Кливленд славеше против Феникс со 98-112. Предводници во победничкиот тим беа Донован Мичен и Дариус Гарланд со по 22 постигнати поени.

Се вчитува...