Кошаркарите на Далас немаа проблеми во дуелот со Портланд, и покрај тоа што играа без словенечката ѕвезда Лука Дончиќ, кој поради повреда го пропушти овој меч.
Далас имаше контрола на резултатот во текот на целиот меч, благодарение на Кајл Ирвинг кој во отсуство на Дончиќ, запиша најефикасна партија со 24 поени. Го следеа Хардавеј и Харди со по 19 поени.
Одново драматична завршница на натпревар кога игра Денвер, и со звукот на сирената овој пат славеше противникот, односно Орландо со 122-120 на гостински терен. И покрај тоа што Никола Јокиќ беше повторно одличен, сепак, овој пат не можеше да спаси пораз на својот тим.
Србинот го заврши мечот со 29 поени, но шоуто го украде Бранчеро од Орландо постигнувајќи трипл-дабл со 32 поени, 10 скока и 11 асистенции.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Јута 126:97
Индијана – Атланта 150:116
Бруклин – Оклахома 124:115
Кливленд – Вашингтон 114:90
Филаделфија – Њујорк 92:128
Чикаго – Шарлот 104:91
Хјустон – Минесота 95:122
Њу Орлеанс – ЛA Клиперс 95:111
Далас – Портланд 139:103
Денвер – Орландо 120:122
Фeникс – Мајами 113:97
Голден стејт – Детроит 113:109
ЛА Лејкерс – Мемфис 113:124
Сакраменто – Торонто 135:130
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

