Далас го загуби синоќешниот натпревар од ЛА Клиперс, но многу поголем проблем од конечниот исход за тимот на маверикс претставува повредата на Лука Дончиќ.
Словенецот се мачеше со скочниот зглоб и пред натпреварот, а ситуацијата му се влоши во една акција додека играше одбрана против Каваи Ленард. Тој се упати кон соблекувалната, се обиде да се врати, но болката беше преголема за да може да продолжи на теренот, па од клупата ја проследи завршницата и поразот на својот тим.
За денеска се закажани детални лекарски прегледи, а во таборот на Далас стравуваат дека повредата е сериозна, што би значело дека Словенецот нема да може да настапи на четвртиот меч од серијата на ЛА Клиперс, што на програмата е утре.
Luka Doncic heads to the locker room after turning his ankle pic.twitter.com/TKQ04xCf64
— Bleacher Report (@BleacherReport) August 22, 2020
#Lukadoncic Hop to locket room. pic.twitter.com/BVA3Gzyq5C
— fishsports (@fishsports) August 22, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА