Новото засилување на Далас Маверикс, центарот Ентони Дејвис кој беше доведен во тимот преку неверојатниот трејд за Лука Дончиќ шокирајќи ја кошаркарската јавност заработи повреда уште во првиот натпревар во новиот дрес.
Дејвис имаше одлично деби за Далас забележувајќи 26 поени, 16 скокови и 7 асистенции, но го одигра натпреварот против Хјустон поради болки во препоните.
А, и покрај тоа што очекувањата беа дека не станува збор за сериозна повреда, тоа не е случајот. Според доброупатниот инсајдер Шанс Чаранија, Дејвис со сигурност нема да биде дел од тимот во следните недели. Станува збор за посериозна повреда која може да го оддалечи од теренот до месец дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

