Искусниот плејмејкер Спенсер Динвиди потпиша едногодишен договор со Далас Маверикс, пренесуваат американските медиуми.
Организаторот на играта, беше член на тимот од Тексас во сезоната 2022/23. Тој повторно ќе ја дели соблекувалната со словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ.
По колеџ кариерата на Универзитетот во Колорадо, Динвиди беше драфтуван од Детроит Пистонс како 34. пик во 2014 година. Тој играше, главно за нивниот развоен тим, две сезони, по што се пресели во Бруклин Нетс, чиј дрес го носеше до 2021 година и беше трејдуван во Вашингтон Визардс. Во кариерата играше и за Торонто, ЛА Лејкерс, Њујорк, Јута Џез…
Free agent guard Spencer Dinwiddie has agreed on a one-year deal with the Dallas Mavericks, sources tell @TheAthletic @Stadium. Dinwiddie reunites with Mavs as an ideal backcourt fit. He averaged 17.4 points in parts of two Dallas seasons and was key on 2022 West Finals team. pic.twitter.com/WPxs6ol73L
— Shams Charania (@ShamsCharania) July 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА