Далас со почести ќе го дочека Лука Дончиќ

Поранешната ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ неодамна се пресели во Лос Анџелес Лејкерс во една од најшокантните размени во историјата на НБА.

Овој трејд, во кој учествуваа Ентони Дејвис и други играчи, предизвика бура од реакции кај навивачите и експертите.

Навивачите на Маверикс изразија незадоволство од одлуката на раководството на клубот, додека легендите како Дирк Новицки јавно го критикуваа овој потег. Од друга страна, Дончиќ во Лејкерс беше пречекан со ентузијазам, приклучувајќи му се на тимот предводен од Леброн Џејмс.

Дончиќ вечерва првпат ќе игра против својот поранешен клуб во Далас. Натпреварот помеѓу Маверикс и Лејкерс е закажан за 01.30 часот по средноевропско време. Се очекува емотивна средба, а на навивачите во салата ќе им бидат поделени маици со натпис „Ти благодариме за се“ во чест на придонесот на Дончиќ за Маверикс.

Се вчитува...