Далеку подобар меч за македонските одбојкари на вториот тест со Хрватска

Одбојкарските репрезентации на Македонија и Хрватска повторно одиграа четири сета во вториот пријателски натпревар во „Драш спорт“ во Марибор во рамките на подготовките за Златната Европска лига.

Мечот кој исто така имаше тренинг карактер и се играше зад затворени врати заврши 2-2, во сетови 25-22, 20-25, 25-22, 29-31).

За разлика од првиот дуел Македонија денеска покажа многу подобра игра во сите елементи и понуди посилен отпор на Хрватите, кои веќе се во финална фаза на подготовките за настапот во ЦЕВ Европската Златна лига.

Селекторот Јошко Миленкоски одново комбинираше со поставата и им даде шанса на сите репрезентативци кои ги има на располагање во Марибор, што беше и целта на овие два натпревари. Резултат не се бркаше, туку акцентот беше ставен на нашата игра и на она на што треба да се работи во следните десетина дена до првиот турнир од Европската Златна лига во Братислава.

Репрезентацијата утре се враќа од Словенија, а од вторник продолжува со подготовките во Струмица, која ќе биде база на екипата и во следниот период до патувањето за Словачка.

Се вчитува...