Македонската кадетска репрезентација одигра далеку подобар втор контролен натпревар со врсниците од Хрватска во Дарувар. За разлика од првиот меч на кој Хрватска славеше убедливо, во „реваншот“, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ делуваа мошне посигурно, и пред сè, поефикасно во нападот. На крај со пораз од само шест поени разлика, 85-91 за Хрватите.
Иако Хрватска го доби првото полувреме со резултат (40:36), нашите млади кошаркари не се предвааа. Во третата четвртина дури и го презедоа водството. По три четвртини Македонија водеше со (62:60).
Истата предност ја имавме и во 33. минута од мечот (68:66). Со серија од пет поени, Хрватска се одвои на (76:71), кога останаа да се доиграат 4:29 минути. Лукановски ја прекина со тројка за (74:76). Но со нова серија, сега од (8-2), домашната селекција се одвои на недостижни (84:76). Со нова тројка, на Шошкиќ, се доближивме и на (79:84). Но не го одбранивме следниот напад.
Првата македонска петорка имаше двоцифрен број на поени, што е добар знак за стручниот штаб во продолжение од подготовките за настап на Челенџерот во Скопје.
Шошкиќ постигна 24 поени, 17 имаше Зетов, Стојковиќ даде 15 поени, Лукановски 14 (дополнети и со 11 скока), а Стојанов заврши со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА