Јувентус ја продолжи доминацијата во италијанскиот фудбал со најновото скудето, деветто во низа за „црно-белите“ од Торино. Една титула помалку во серија има Баерн Минхен во Бундес-лигата, но овие два европски гиганти се уште се далеку зад рекордите на тимовите кои ги имаат најдолгите шампионски низи во светскиот фудбал.
На врвот на листата се наоѓа тимот на Тафеа од државата Вануато (мала островска земја во Океанија), каде оваа екипа освои 15 титули по ред, во периодот од 1994/95 до 2008/2009. Најдолгите серии во Европа ги имаат Сконто во летонскиот и Линколн во шампионатот на Гибралтар, кои освоија по 14 титули во низа, една повеќе од шампионските низи на БАТЕ Борисов во Белорусија и на Розенборг во Норвешка.
Апсолутниот рекорд е дел од историјата на женскиот фудбал, каде Спарта Прага освои неверојатни 32 титули во низа, гледајќи го периодот на шампионатот на Чехословачка и потоа на Чешка, по распадот на заедничката држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА