Врховниот суд на Каталонија го ослободи трофејниот бразилски фудбалер Дани Алвеш од оптужбата за силување на девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година, пренесува шпанскиот медиум „Ас“.
Сведочењето на младата девојка според трибуналот кој го сочинуваа три судијки и еден судија е недоволно за да се задржи пресудата за затворска казна од девет до 12 години кои ги бараше обвинителството.
По изрекувањето на оваа одлука се огласи и адвокатот на Алвеш, Инес Гвардиола.
„Јас сум со Дани. Правдата е задоволена. Тој е невин. Тоа е сега докажано. Конечно гледаме правда. Многу сум емотивен и среќен. Тоа значи дека човекот е невин. Верувавме во правдата. Дали ќе бараме компензација? Засега не можеме да кажеме ништо“, изјави адвокатот на Алвеш за медиумите.
Алвеш во притвор помина повеќе од една година пред да биде пуштен да се брани од слобода откако плати кауција во вредност од еден милион долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА