Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа ремизираа со Баер Леверкузен во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите и со тоа загубија секаква шанса за продолжување во следната фаза од елитното натпреварување.
Атлетико важеше за најголем фаворит за освојување на групата во која се уште Порто и Клуб Бриж, но непријатно ги изненадија своите навивачи со само една победа и тоа на отворањето на турнирот.
Така, шпанската Ла Лига во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе ја претставува само Реал Мадрид од можните четири клуба, откако во Лигата на Европа се пробија и Барселона и Севиља. На крајот на краиштата, се поставува прашањето – што понатаму за Атлетико? Претходните години го одврзаа ќесето, но ниту едно од овие засилувања не го оправда богатството што беше дадено. Пред се ова се однесува на Жоао Феликс.
Диего Симеоне е под притисок, иако ужива во љубовта на „јорганџиите“. Аргентинецот успеа да ја освои титулата во Ла Лига пред две години, но после тоа не успеа да запише поголеми резултати.
„Ова е мојот најтежок момент во клубот досега, но ќе продолжам да инсистирам клубот да го добие она што му треба. Можеби тоа е Лигата на шампионите“, изјави Симеоне.
Во моментов нема намера да го напушти Атлетико. Неговиот договор истекува во 2024 година и прашање е дали ќе го продолжи. Тој е тренер на мадридскиот клуб од 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

