Дали е можно? Франција и даде 28 гола на Португалија за едно полувреме

Неверојатно прво полувреме ни приредија ракометарите на актуелниот европски шампион Франција. Галските петли во 2. коло од главната фаза играат против репрезентацијата на Португалија, а за 30 минути игра во првиот дел успеаја да постигна неверојатни 28 гола.

Французите по првиот дел имаа огромна предност против репрезентацијата со која Македонија одигра реми (28-16). Дика Мем со шест гола беше прво име по првиот дел, а во листата на стрелци се запишаа дури 10 ракометари на Франција.

 

Се вчитува...