Помалку неверојатно информација денеска од Островот. Манчестер јунајтед за продолжението од сезоната во своите редови го посакува српскиот репрезентативец Александар Митровиќ.
Како што пренесува „Мирор“ раководството на „црвените ѓаволи“ подготвува „јануарска бомба“ во обидот да го донесе Митровиќ кој во моментов игра за Ал Хилал во Саудиска Арабија.
За Митровиќ островскиот фудбал не е непознаница ако се знае дека пред преселбата во Саудиска Арабија беше еден од најдобрите фудбалери на Фулам.
Сепак, нејасно е колку Митровиќ има желба повторно да се врати во Европа, ако се знае дека во моментов заработува милиони кои тешко дека би ги добил во Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА