Дали е можно: Меси се враќа во Барселона каде сака да ја заврши кариерата!?

Лионел Меси би можел повторно да се врати во редовите на Барселона каде, наводно, сака да ја заврши својата фудбалска кариера.

Шпанскиот новинар Алекс Кандал тврди дека добил изјава од Меси во која јасно може да се „прочита“ дека тој сака враќање во Барселона, за што е веќе разговарно.

„Не можам да се простам од фудбалот без повторно да заиграм на новиот Камп Ноу“ – наводно му рекол Меси на Кандал.

Аргентинецот веќе две години е член на Интер Мајами со кого има договор до 2027 година. Според пишувањата, Дејвид Бекам нема да му прави проблеми ако сака да се врати во Барса, но Меси да игра за каталонскиот тим само краток период на почетокот од 2026 година, односно од стартот на јануарскиот преоден рок до почнувањето на новата сезона во МЛС.

Се вчитува...