Дали е најава за крај од Новак: Ова можеби ми беше последниот меч во Мадрид…

Новак Ѓоковиќ ги подреа шпекулациите околу евентуалното завршување на кариерата откако Србинот најави дека денешниот пораз од Матео Арналди многу лесно би можел да биде и негов последен одигран меч во Мадрид.

Најдобриот тенисер на сите времиња игра во многу слаба форма од стартот на годинава, испадна на стартот од три од последните четири Мастерс-турнири на кои учествуваше, па се поочигледно е дека Ѓоковиќ е далеку од ритам со кој може да се натпреварува за трофеи и да си ја исполни големата желба – да стигне до јубилениот 100. пехар во кариерата.

„Последен меч во Мадрид? Искрено не би можел да кажам во моментов, можеби е точно… Не сум сигурен дека ќе се вратам, можеби пак би бил овде, но не како тренер… Сега е многу рано да дадам конкретен одговор“, коментираше Ѓоковиќ по најновиот пораз.

Потоа, тој се осврна и на дуелот со Арналди што го загуби со 0-2 во сетови…

„Кога ќе загубите меч на ваков начин, нормално е да не се чувствувате добро, а јас имав неколку вакви мечеви годинава. Немав многу дуели на земјена подлога, добро тренирам, но поинаку е кога ќе излезете на терен за офивијален меч. Позитивно е што повеќе уживав на теренот отколку во Монте Карло и на претходните турнири. Нивото на тенис се уште не е какво што би сакал, но што е тука е… да бидам искрен, очекувањата не ми се преголеми, за мене реалност во моментов е да победам на еден или два меча, не да се борам за трофеи. Чувството е поразлично отколку пред 20 години, за мене ментално е голем предизвик да се подготвувам за вакво нешто. Дефинитивно нема да патувам на Ролан Гарос како еден од фаворитите, можеби тоа ќе ми биде од помош“, истакна Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...