Дали е ова коктелот на лекови што го усмрти Марадона?

Секојдневно излегуваат нови информации за последните денови на најдобриот фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона. Аргентинските медиуми дојдоа до шокатно сознание за тоа какви се лекови користел во последните денови од неговиот живот. Марадона покрај операцијата на главата, се уште користел лекови против шизофренија, биполарност, анксиозност, како и труење од опијати.

Некои од медиумите пренесуваат дека и овие лекови може да се последица за прераната смрт на најдобриот на сите времиња.

Кетапин – за третман на шизофренија, манијакални епизоди, биполарни нарушувања

Налтрексон – за третман на акутно труење со опијати

Габапентин – за третман на епилепсија и третман за терапија на болка

Венлафаксин – антидепресив против наркотици и замор

Луарсидон – се користи за третман за депресија и биполарни нарушување

Омепразол – намалување на киселината произведена во стомакот

Се вчитува...