Дел од српските тимови веќе подолго време ја критикуваат АБА-лигата, тврдејќи дека поради ова регионално натпреварување не е доволно силна Првата српска лига во која најдобрите екипи на северниот сосед се вклучуваат дури во завршницата.
Небојша Човиќ вчера беше именуван за нов претседател на КСС, а тој веќе денеска јавно стави до знаење дека не ja поддржува АБА како вистинско решение за развој на српската кошарка. Проблем е што поради пополнетата квота на српски тимови во АБА1 друг тим од Србија нема да може да влезе од АБА2 во елитата, освен ако некој од сегашните не испадне од првата лига.
„Јас сум за силна домашна лига, но да видиме како со таа лига ќе се оди во Европа. Постојат две варијанти за Европа, првата е низ АБА-лигата и чини милион евра, втората е преку ФИБА. Не треба да навиваме ниту за едната ниту за другата страна, туку заеднички да анализираме и да дојдеме до најдоброто решение. Како претседател на федерација не можам да кажам дека АБА2 е добра за нас кога српските клубови преку неа не можат да влезат во АБА1. Некој ќе каже дека е лицемерно бидејќи и јас се залагав за ова натпреварување, но тоа беше друго време, други услови во кошарката во регионот“, истакна Човиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА