Дали е ова најголемата ВАР-грешка, откако е воведена технологијата!? (ВИДЕО)

Крајно изненадувачка ситуација на синоќешниот натпревар меѓу Шведска и Азербејџан во Лигата на нациите, на кој Швеѓаните славеа со убедливи 6-0.

Во финишот на првото полувреме Александер Исак погоди по додавање од Ѓокереш, меѓутоа ВАР собата јави недозволена позиција. А, позицијата на домашниот фудбалер и тоа како беше регуларна.

Да биде циркусот поголема, преку ТВ преносот беше забележано дека судиите во ВАР-собата гледаат сосема друга ситуација.

„Како е ова можно? Сериозни сте? Ова е нешто најлошо што сум го видел. Среќен сум за победата, ама кога ќе ви поништат чист гол јасно е дека ве нервира тоа. Мислам дека вакво нешто не сум видел досега. Гледате многу грешки, ама ова е баш огромна. ВАР судиите беа во тунелот на полувремето, се расправавме со нив, ама останаа на својата одлука“ – коментираше Исак по мечот.

Се вчитува...