Екипата на Лајпциг го промовираше холандскиот младински репрезентативец Езекиел Банзузи за прво засилување за следната сезона. 20-годишниот играч од средниот ред во јули ќе му се приклучи на тимот од Бундеслигата, од белгискиот Лувен.
Банзузи потпиша петгодишен договор, а според пишувањето на медиумите, Лајпциг за неговите услуги плати 16 милиони евра. Тој игра во првиот тим на Лувен од 2023 година, и има 66 настапи. Игра за младата селекција на Холандија.
Овој потпис, сепак, би можел да донесе проблеми за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Банзузи игра речиси на иста позиција како и Елмас, во средниот ред. Елмас, кој моментално настапува во Торино како позајмен играч од Лајпциг, својата судбина ќе ја дознае по крајот на сезоната, кога Торино ќе одлучи дали ќе го ангжира, или ќе го врати на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

