Новак Ѓоковиќ вчера по огромна битка го совлада Американецот Фриц, меч во кој првиот носител покрај со својот ривал уште потешка борба водеше со незгодната повреда. Србинот во еден дел од мечот едвај се движеше, но сепак собра сили за да го одигра решавачкиот сет на високо ниво, да слави со 3-2 и да се пласира во следната рунда.
Новак утре наутро треба да се сретне со Милош Раониќ, но се уште не е сигурно дали најдобриот светски тенисер ќе може да излезе на терен со ривалот од Канада.
„Она што е сигурно е дека Ѓоковиќ денеска нема да тренира. Ќе се консултира со лекари, да види какви препораки ќе добие. Се уште никој не може со сигурност да каже дали тој ќе игра против Раониќ или не“, истакна неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

На истата тема со изјава се јави и директорот на Австралија Опен, Крег Тили, кој е оптимист дека Ѓоковиќ ќе се појави на теренот за утрешното полуфинале.
„Не се грижете, ќе го видиме Новак на терен. Тој е силен, отпорен на повреди. Ќе се разбуди, ќе види во што е проблемот и ќе го добие соодветниот медицински проблем“, порача Тили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

