Дали ќе се договорат: Вест Хем бара тренер, а Алегри бара многу пари…

Масимилијано Алегри е фаворит во трката за нов менаџер на Вест Хем, откако „чеканите“ синоќа загубија од Лестер и се поизвесно е дека Хулен Лопетеги повеќе нема да седи на клупата на овој клуб.

Шпанецот воопшто не ги оправда очекувањата откако на кормилото го наследи Дејвид Мојес, па раководтвото на Вест Хем е решено среде сезона да прави рокада на клупата. Алегри се наоѓа на врвот на листата со желби, но останува да се види дали двете страни ќе успеат да се договорат околу финансиските услови. Имено, трофејниот Италијанец бара загарантирана плата од осум милиони евра по сезона, што е речиси двојно повеќе од она што го добиваше Лопетеги.

Алегри земаше седум милиони евра годишно во Јувентус и би сакал следниот ангажман да му биде со уште поголеми примања. Тој не крие дека Премиер-лигата му е голем предизвик, веќе одби неколку понуди за повеќе пари од Саудиска Арабија, но конечната одлука ќе ја имаат челниците на Вест Хем, дали да потрошат богатство на тренер или да одат на поевтина опција….

Се вчитува...