Тренерот на Барселона, Луис Енрике, јавно потврди дека ќе го напушти „Камп Ноу“ на крајот од сезоната, а како најголема причина го потенцираше постојаниот притисок што со себе го носи клупата на Барселона. И со трофеите зад себе, Луис Енрике сепак не беше поштеден од критики оваа сезона поради слабите игри на тимот во изминатиот период. Посебно поради катастрофалниот пораз од ПСЖ (4-0) во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите во Париз.
Но, дали Шпанецот многу брзо ќе се пресели во Англија?! На едно новинарско прашање за можноста да биде менаџер во Премиер – лигата, Енрике даде интересен одговор.
„Сигурен сум дека мојата сопруга би уживала во студената Англија. Но, засега сум фокусиран единствено на Барселона и на реализација на плановите да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“, изјави Луис Енрике.
Ова лето се најавуваат промени на клупата на Арсенал и на Тотенхем, иако тоа е се уште во сферата на шпекулациите. Можно ли е Луис Енрике да пристигне во Лондон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА