„Дали Мбапе може да постигне 50 голови во сезона? Може и повеќе од тоа“

Мандатот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид не можеше да започне подобро. На првиот натпревар постигна гол и освои трофеј па и го импресираше неговиот нов тренер Карло Анчелоти.

По натпреварот искусниот италијански стратег беше запрашан дали Мбапе оваа сезона може да постигне 50 голови на што тој одговори позитивно.

„Дали Мбапе може да постигне 50 голови во сезона? Може и повеќе од тоа“, кратко изјави Анчелоти.

Килијан Мбапе во текот на кариерата ниту еднаш не ја помина границата од 50 постигнати голови во една сезона. Најблиску до тоа беше изминатата сезона во која постигна 44 голови.

Се вчитува...