Дали Надал се исплаши од Ѓоковиќ: Рафа го откажа тренингот, можно е да не настапи во сингл

Рафаел Надал го откажа тренингот во Париз непосредно пред почетокот на Олимписките игри. Дали е тоа аларм и грижа за иднината ќе покаже времето, но секако не е добар знак.

Сопственикот на 22 гранд-слем титули во понеделникот пристигна во Париз и веднаш тренираше, а во средата тоа го направи со Карлос Алкараз со кого ќе игра двојки носејќи завој околу десната надколеница.

Во четвртокот по ждрепката требаше да тренира со Александар Зверев, но откако дозна дека ривал во второто коло може да му биде Новак Ѓоковиќ, реши да го откаже тренингот. Дел од медиумите присутни во Париз пренесуваат дека тој може да се повлече од сингл конкуренција.

Ова се четврти Игри за Надал, каде што го брка третото злато. Првиот златен медал го освои во 2008 година во сингл, а вториот во 2016 година во двојки со Марк Лопез.

Се вчитува...