ПСЖ во луд натпревар на „Паркот на Принцовите“ успеа да слави против Лил со 4-3. „Светците“ имаа водство од 2-0, негатива од 2-3, а до победа стигнаа со головите на Мбапе во 87. минута и Лео Меси во 95. минута од мечот.
Стрелец на натпреварот беше и Нејмар, но бразилскиот интернационалец за жал поради повреда мораше да го напушти теренот во 51. минута. Асот на ПСЖ се обиде да се врати во натпреварот, но сепак мораше да биде изнесен на носилки.
Се сомневаше дека има скршеница на скочниот зглоб, а бразилскиот репрезентативец веднаш замина на дополнителни тестови. Првите резултати се добри, но сепак треба да направи дополнителни прегледи на лигаментите
Самиот Кристоф Галтие по натпреварот изјави дека верува дека се работи за истегнување на скочниот зглоб, а барем досега не е далеку од вистината. Барем така покажа магнетната резонанца.
Иако изгледаше сериозно, на социјалните мрежи веднаш почнаа коментари дека се ближи роденденот на сестрата на Нејмар, Рафаела Сантос (26), но има уште време до споменатиот 11 март. Прашање е дали ’традицијата ќе продолжи’ или парижаните сепак ќе можат да сметаат на Нејмар во споменатиот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА