Дали ова навистина е крај: Нејмар пак се повреди и со солзи го напушти теренот

Нејмар реши да си замине од Ал Хилал и да се врати во Бразил во обид да ја врати кариерата на посакуваните патеки. Се најавуваше и камбек во европскиот фудбал во текот на летово, но тоа тешко дека ќе може да се реализира по серијата повреди што голгетерот ја има и во дресот на Сантош.

Тој повторно доби шанса да стартува на синоќешниот дуел со Атлетико Минеиро, но Нејмар издржа на теренот само триесетина минути. Повторно се пожали на повреда, а откако стана јасно дека проблемот не е наивен, со солзи во очите го напушти теренот.

Додека во Бразил се исчекуваат резултатите од деталните прегледи, на сите веќе им е јасно дека Нејмар веќе е далеку од фудбалерот кој блескаше во дресовите на Барселона и на ПСЖ. И за жал, се ближи денот кога тој ќе мора да му каже збогум на фудбалот, бидејќи никој не е посилен од повредите, кои кај него навистина зачестија…

Се вчитува...