Реал Мадрид е принуден повторно да се активира на пазарот откако Едер Милитао заработи нова тешка повреда поради која „кралевите“ ќе мораат да доведат нов дефанзивец во јануарскиот преоден рок.
Ибрахим Конате е името што повторно се поврзува со трансфер во Мадрид, иако информациите од пред една седмица говореа дека Флорентино Перез решил да не го ангажира овој фудбалер, поради слабата форма во дресот на Ливерпул.
Првичниот план беше Конате да дојде во Реал следното лето како слободен играч, но сега целата ситуација е променета бидејќи „кралевите“ мораат да ја засилат одбраната, а на пазарот нема премногу врвни дефанзивци среде сезона.
Во прилог им оди и што Ливерпул е согласен да го продаде во јануари за Французинот да не си замине следното лето без никаква отштета. Згора на тоа, англискиот првак одреди цена од 15 милиони евра што Реал е подготвен да ја плати, па големи се шансите дека Конате во првите денови од 2026 година ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

