„Дали се шегувате?“ – прашал Нагелсман кога дознал за отказот во Баерн М.

Агентот на Јулијан Нагелсман, Волкер Струт кажа дека од новинарите дознал за отказот на неговиот клиент од Баерн Минхен. Во март Тухел го замени Нагелсман на клупата на „Баварците“ откако изненадувачки тимот се одлучи да му врачи отказ на младиот тренер и тоа во миговите кога бил на одмор.

Струт кажа дека бил изненаден кога еден новинар и му соопштил дека Нагелсман не е веќе тренер на Баерн.

„Таа вечер бев во еден ресторан, и ми се јави новинар. Ми кажа дека се брзо се случило со Нагелсман. Јас не знаев што се случува. Потоа ми рече: „Зарем не знаеш? Јулијан доби отказ, Тухел е нов тренер“-кажа Струт.

Потоа во текот на вечерта признал дека добил повеќе пораки, а потоа му се јавил на Нагелсман кој останал изненаден.

„Дали се шегувате со мене? Ми стигнуваат многу пораки, што е ова?“, зачудено прашал Нагелсман.

Потоа друг агент Бриз се одлучил да го контактира спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Тој ми врати: „Дојдете утре во канцеларија“.

„Со тоа знаев дека се случува нешто“, истакна Струт.

Се вчитува...