Дали Шортс останува во Париз? „Ќе донесам одлука во вистинското време“

Сензацијата на евролигашката сезона, екипата на Париз која е предводена од македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс не успеа да ја надмине четвртфиналната пречка во елитното кошаркарско натпреварување губејќи со 3-0 против фаворитот Фенербахче.

Натурализираниот Македонец имаше извонредна сезона зад себе па голема е веројатноста дека ќе добие примамлива понуда од најголемите европски кошаркарски гиганти. А, дали ќе ја прифати, ќе размисли по крајот на сезоната, како што вели самиот тој.

„Сега целта е да ја завршиме сезоната во Франција, а потоа ќе земам време да одлучам. Ќе се сретнам со мојот агент, со мојата фамилија. Ќе се сретнам со луѓето тука во Париз па ќе донесам одлука во вистинското време“, изјави Шортс.

Се вчитува...