Се е подготвено за првата четвртфинална пресметка на СП 2022, дуелот меѓу Хрватска и Бразил што ќе се одигра со почеток во 16 часот на стадионот „Education City“ во Ал Рајан, со капацитет од 44.667 гледачи.
Во пресрет на овој дуел, ви презентираме неколку интересни статистички податоци…
Бразил стигнуваше најмалку до четвртфиналето на последните осум фудбалски мундијали. „Кариоките“ беа светски шампиони во 1993 и во 2002, финалисти во 1998, но оттогаш само еднаш ја минаа четвртфиналната пречка – како домаќини во 20а4 година, кога во полуфиналето беа понижени од Германија со 1-7.
Хрватска од четирите средби на ова СП, забележа само една победа по 90 минути игра, во второто коло против Канада. „Коцкестите“ одиграа без голови со Мароко и со Белгија, додека првата пречка во нокаут фазата, селекцијата на Јапонија, ја минаа преку пенал-рулет.
Нејмар има постигнато два гола за Бразил против Хрватска, во победата од 3-1 во групната фаза од СП 2014.
„Коцкестите“ никогаш досега не загубиле пенал-рулет на светските шампионати. Покрај триумфот над Јапонија од пред неколку дена, Хрватите беа два пати успешни и во 2018, во осминафиналето против Данска и во четвртфиналето против селекцијата на Русија.
Бразил и Хрватска досега имаат четири меѓусебни средби, при што „кариоките“ имаат скор од три победи и едно реми. Двете селекции имаат два дуели на мундијалите, Бразил славеше со 1-0 во 2006 година и со 3-1 во 2014.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА