Барселона максимално го искористи киксот на Реал Мадрид, и избега на +7 бодови на табелата во Ла Лига, откако ја победи екипата на Атлетико на гостински терен со 1-2. Барса ја искористи предноста од играч повеќе, и со голот на Левандовски во последните моменти од мечот стигна до пресврт, и на крај до голема победа која може да биде одлучувачка за шампионската титула.
Сепак, мечот помина во сенка на случувањта на стартот на второто полувреме. Веќе во 46-тата минута, судијата му покажа црвен картон на дефанзивецот на Каталонците, Џерард Мартин, затоа што го згази играчот на Атлетико, Тијаго Алмада.
Домаќините се надеваа дека од тој момент двата тима ќе играат со десет играчи, бидејќи на крајот од првото полувреме, играчот на Атлетико, Николас Гонзалез, доби црвен картон.
Сепак, имаше повик од ВАР собата, па судијата Матео Бускетс Ферер ја промени својата одлука откако го гледаше видеото и му покажа на играчот на Барселона жолт картон наместо црвен.
VAR Overturns Gerard Martín straight red card to Yellow 47'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

