„Дали тоа што го направи Зума е полошо од расизам?“

Скандалот на Курт Зума и понтаму е топ тема во англиската јавност. А, суровоста на фудбалерот на Вест Хем кон своите мачки добива и нови размери откако покрај казната од 200 илјади фунти и прекинот на соработката од страна на Адидас, над 270 илјади луѓе потпишаа онлајн петиција за негово отстранување од клубот.

Во одбрана на францускиот стопер сега застана неговиот соиграч Мајкл Антонио кој прашува дали случајот „Зума“ е полош од расизмот за толку драстични размери.

„Не ми се јасни некои работи. Го осудувам тоа што го направи Зума, но дали тоа што го направи тој е полошо од расизмот? Некои луѓе осудуваат по расна основа и добиваат казна од осум натпревари и се враќаат на теренот, a сега бараат Зума да се исфрли од фудбалот поради случајот со мачките. Тоа се двојни аршини“, вели Антонио.

Се вчитува...