Дали тргнува по стапките на татко му: Кристијано јуниор со прв погодок за Португалија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо јуниот почнува да ги следи стапките на својот татко во дресот на Португалија.

Младиот напаѓач, кој има само 15 години, го постигна првиот голнза репрезентацијата до 16 години во победата на Португалија од 3-0 над Велс на турнирот што ги собира некои од најголемите фудбалски таленти во Европа. Голот го постигна непосредно пред полувремето, по убава тимска акција, која самиот ја заврши со прецизен шут во десниот агол од велшкиот гол.

Кристијано јуниор не го одигра целиот натпревар, беше заменет во 62-та минута од Рафаел Кабрал, кој ги постигна преостанатите два гола за младиот португалски тим.

Се вчитува...