Дали знаете кои се тенисерите против кои Ѓоковиќ има негативен скор?

Новак Ѓоковиќ статистички е најдобриот тенисер на сите времиња, а повеќе или помалку против сите свои противници во кариерата има и позитивен меѓусебен скор.

Тој од сите тенисери со кои се сретнал негативен скор има само против 11 противници. Некои веќе не се занимаваат професионално со „белиот спорт“, а дел од нив се од вториот ешалон.

Еден од тие со позитивен меѓусебен баланс е Австралиецот Ник Кирјос, кој до финалето на Вимблдон во 2021 беше непоразен од Србинот, а во моментов има предност од 2-1 во победи. На листата е и поранешниот број 1 Марат Сафин кој има 2-0 против  Ѓоковиќ, а тука е и уште еден поранешен најдобар тенисер Енди Родик (5-4).

Јиржи Весели двапати играл против Србинот и два пати триумфирал, а на листата се и Фернандо Гонзалез, Иво Карловиќ, Антони Дупуа, Даниел Еванс, Денис ван Шепинген, Таро Даниел и Филипо Воландри.

Се вчитува...